Во рамките на иницијативата „Ноември – Месец на науката на УКИМ 2026“, Архитектонскиот факултет – Скопје, како дел од воннаставната програма ДОСИЕ АФС, организира предавање под наслов „Живко Поповски: Живот посветен на архитектурата. Од збирка, дигитален архив, преку изложба, до виртуелен музеј“.

Dosie AFS ZivkoPopovski
Предавањето ќе го одржат проф. д-р Анета Христова Поповска и проф. д-р Мери Батакоја, кои ќе го претстават процесот на истражување, документирање и афирмација на архитектонското наследство на Живко Поповски – од формирањето на збирка и дигитален архив, преку изложбена презентација, до концептот на виртуелен музеј.

20 ноември 2026 година (петок)
17:00 часот
Аудиториум 115, Архитектонски факултет – Скопје
Ги покануваме студентите, наставниот кадар, архитектите и сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето.