Во рамките на иницијативата „Ноември – Месец на науката на УКИМ 2026“, Архитектонскиот факултет – Скопје, како дел од воннаставната програма ДОСИЕ АФС, организира предавање под наслов „ФАБ ЛАБ: Природно осветлени фабрики“.
Предавањето ќе го одржи проф. д-р Горан Мицковски, кој ќе се осврне на улогата на природното осветлување во архитектонското проектирање на индустриските објекти, разгледувајќи го односот помеѓу архитектонската форма, светлината и квалитетот на работниот простор.
27 ноември 2026 година (петок)
17:00 часот
Аудиториум 115, Архитектонски факултет – Скопје
Ги покануваме студентите, наставниот кадар, архитектите и сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето.

Dosie AFS Prirodno osvetleni fabriki