На 20ти мај 2023 година беше отворена 18-тата Меѓународна изложба за архитектура во Венеција – La Biennale di Venezia. Темата на годинешното Биенале е Лабораторија за иднината (Тhe Laboratory of the Future)под кураторство на ганско-шкотската архитектка Лесли Локо(Lesley Lokko).
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје учествуваше во истражувањето „Нил како лабораторија“- NiLab, дел од Египетскиот павилјон, со проектот „Обновување на [индустриски] екологии“(Retrofitting [industrial] ecologies) на авторите Марија Мано Велевска, Слободан Велевски, Горан Мицковски, Благоја Бајковски и Ана Рафаиловска и соработниците Тамара Џерков, Мила Гавриловска, Димитар Милев и Фросина Станковска.
NiLab е проект раководен од Универзитетот Аин-Шамс во Каиро (Ain-Shams, Cairo) и универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија(Università Mediterranea di Reggio Calabria) и отвара меѓународна дебата помеѓу архитекти, истражувачи и професори по архитектура од 24 универзитети од 10 различни земји околу теми поврзани со климатските промени, водните ресурси и одржливиот развој.
Автори на фотографиите се Мила Гавриловска, Слободан Велевски и Благоја Бајковски.









