На 26 октомври 2026 година, педесетина студенти заедно со педагошкиот тим, под раководство на проф. д-р Анета Христова Поповска, го посетија Прилепско Мариово, во врска со проектната задача на Архитектонско студио 5.2, „Едукативно-истражувачка колонија во рурален пејзаж“. Локација на задачата е село Витолиште. Како придружна активност беа посетени село Манастир, со манастирот и црквата Св. Никола.
Посетата е дел од редовната практика на Катедрата за проектирање на јавни згради, според која проектирањето започнува од самото место, а запознавањето со татковинските места е составен дел од образованието на архитектот. На терен беа определени локациите за работа и беа снимани карактеристиките на природниот и на руралниот пејзаж, како и начините на кои тие два се надоврзуваат еден на друг. Работата се одвиваше преку опсервација, фотографирање, скицирање и мапирање, со разговори со локалните жители.
Мариово е клучен простор за разбирање на сопствената земја, каде во концентриран вид се читаат топографијата, градењето во камен, положбата на куќите и дворовите, и комплексните граница меѓу селото и пределот. За жал, тоа е и еден од најчистите записи за раселувањето на македонското село, па оваа задача е во перспектива да придонесе кон можните сценарија за негово заживување.


Фотографии: дронски снимки Александар Хаџи Андов, студент; фотографии проф. д-р Мери Батакоја.