Архитектонскиот факултет – Скопје учествуваше на Првиот салон на студенти по архитектура – „Проектирање на можното“ (Projektovati moguće), кој се одржа од 3 до 10 октомври 2026 година во галеријата „Гаја“, во рамките на Домот на културата „Силоси“ во Белград.
На Салонот, кој обедини студентски архитектонски остварувања од 10 земји, од вкупно 360 пријавени трудови беа селектирани 117 за изложување.
Архитектонскиот факултет – Скопје беше претставен со три студентски труда:
Милош Андоновиќ – магистерски труд под менторство на проф. д-р Анета Христова Поповска.
Марта Митева – магистерски труд под менторство на проф. д-р Марија Мано Велевска.
Мила Поповска – студиски проект под менторство на проф. д-р Горан Мицковски.
Фотографии од учеството на Архитектонскиот факултет – Скопје на Првиот салон на студенти по архитектура во Белград.

