
📅 Датум и време: 12 ноември 2026 година, 9:30 - 16:30 часот
📍 Локација: Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, бул. Партизански Одреди 24, Скопје
🔹 Дали софтверот може да ни помогне да станеме подобри архитекти?
🔹 Од моливот и хартијата до BIM и вештачката интелигенција, алатките со кои проектираме постојано се менуваат. Но дали со нив се менува и начинот на кој размислуваме за архитектурата?
На оваа презентација и работилница, ќе се запознаеме со правилниот начин на користење на софтверот во архитектурата, ќе погледнеме наназад и ќе ѕирнеме во иднината, што можеме да очекуваме и кои се идните предизвици со кои се соочува нашата струка.
Важна напомена: Препорачано е учесниците на работилницата да дојдат со свои лаптоп компјутери, за да бидат во можност паралелно да работат на вежбите заедно со предавачот. На компјутерите е препорачливо да биде инсталирана Revit 2026 или 2027 верзија на софтверот.
Пробна верзија на Revit можете да симнете од следниот линк: https://www.autodesk.com/products/revit/free-trial
Работилницата се состои од 6 модули (6 модули од по 30 минути со 15 минути пауза)
Агенда на настанот:
9:30-10:00 Регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 Добредојде од претставници на Архитектонскиот факултет и Smart Solutions
10:05-11:20 Предавање: АРХИТЕКТУРА ИЛИ СОФТВЕР
11:20–11:35 Кратка пауза
11:35-16:20 Работилница
11:35-12:05 Да почнеме од почеток: AutoCAD. Паметно користење на AutoCAD (кога и зошто се користи?), користење на XREFS, поврзување на цртежи, користење на блокови
12:20 - 12:50 Revit: зошто Revit, а не некој друг софтвер? Што е толку добро, кои се предностите (па и недостатоците)
Пауза 30 минути (освежување и закуска)
13:20 - 13:50 Паметно користење на Revit
14:05 - 14:35 Експортирање на моделот во други софтвери (зошто фајловите треба да се секогаш поврзани (најважното знаење кое би требало да го понесат со себе учесниците на работилницата
14:50 - 15:20 Изработка на архитектонски рендери
15:35 - 16:05 Вовед во 3д печатење со помош на Revit
16:05-16:20 Прашања и одговори
- Кратка дискусија, прашања и одговори
Предавач:
✅ Никола Стрезовски
Никола Стрезовски е архитект, кој освен секојдневниот ангажман како архитект, значаен дел од времето го проаѓа во тестирање и истражување на софтвери за архитектура, 3д моделирање и визуелизации, графички дизајн и 3д печатење. Освен проектирањето, држи обуки и советувања за компании за правилно користење на софтвер, секогаш се залага за персонализиран, а не догматски начин на користењето на софтверите. Како архитект, работел и соработувал со најдобрите македонски архитекти и најдобрите македонски компании, поради што, има добра претстава за македонската архитектонска сцена, посебно кога се зборува на ниво на софтвер.
Пријавете се навреме и резервирајте го своето место!