Доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е добитник на посебно признание за млад истражувач за својот научен труд „30 Scritti disegnati. Dal testo alla composizione“, во кој е претставен нов, иновативен методолошки пристап во наставата по архитектонска композиција на Архитектонскиот факултет во Скопје.

sl.3 PrezentacijaПризнанието е доделено во рамките на XIII Forum ProArch – COMPOSIZIONE „Quando un’idea diventa muro“, одржан на 29 и 30 октомври 2026 година во Фиренца, Италија, на кој беа претставени вкупно 182 научни и стручни труда.

sl.1 Pofalnic
Форумот е организиран од ProArch – Националното научно здружение на професори по архитектонско проектирање во Италија, во соработка со Факултетот за архитектура (DIDA) при Универзитетот во Фиренца.
Признанието претставува значајна меѓународна афирмација на иновативните наставни методи и научноистражувачката дејност на Архитектонскиот факултет во Скопје.

sl.2 Plakat