На 21 октомври 2026 година, на Архитектонскиот факултет – Скопје се одржа кампус кариерна сесија во соработка со EARN&GO USA SELECT™, посветена на можностите за стекнување меѓународно професионално искуство во Соединетите Американски Држави преку програмите BridgeUSA.

Во рамките на сесијата, студентите имаа можност да се запознаат со различните програми, условите за учество и можностите за професионален развој и усовршување во меѓународна средина.


