На 6 октомври 2026 година, во салата за состаноци на Архитектонскиот факултет – Скопје, се одржа свечена седница по повод 77 години од основањето и постоењето на Факултетот.
Во рамките на свеченоста беа доделени и наградите за најдобри студенти во учебната 2025/2026 година, како признание за нивниот постигнат успех и посветеност во текот на студиите.
Добитници на наградите се:
Елена Гавриловска – најдобар студент во прва година
Анастасија Ташковиќ – најдобар студент во втора година
Дарија Дамевска-Идриз – најдобар студент во трета година
Филип Зафировски – најдобар студент во четврта година