Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува
ОГЛАС
за Обука за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
Обуката за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, во обем од 2 ЕКТС, ќе ги опфаќа следните теми
Одржливост
Енергетска ефикасност
Обновливи извори на енергија
Фотоволтаични системи
Проектен менаџмент
и ќе се спроведе преку одржување на теоретска и практична настава од 20.10.2018 година.
Наставата ќе се изведува за време на викендите, со времетраење од 3 саати, во просториите на Архитектонскиот факултет.
Стекнатите квалификации кандидатите ги потврдуваат преку успешно полагање на завршен испит и истите се потврдуваат со Сертификат за успешно помината обука.
Заинтересираните кандидати може да се пријават најдоцна до 5.10.2018 година на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Архитектонски факултет
ОГЛАС за Обука за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија