ТРЕТ УПИСЕН РОК ЗА ПРВ ЦИКЛУС 2020/2021
Во третиот уписен рок, на студиската програма на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, Архитектонскиот факултет во Скопје објавува 1 слободно место во приватната квота (квота со кофинансирање). Заинтересираните кандидати да се пријават преку системот www.upisi.ukim.mk согласно роковите предвидени со Конкурсот за запишување студенти во прв циклус студии во учебната 2020/2021 година.
објавено во петок на 25.9.2020 година во 14.00 часот