ArhUkim
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

 

Архитектонскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува

 

О Г Л А С

за избор на демонстратори на студиската програма на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура во зимскиот и летниот семестар во учебната 2018/2019-та година

I. Се утврдува потреба од ангажирање на демонстратори на:

  1. Институтот за архитектонско проектирање;

  2. Институтот за урбанизам;

  3. Институтот за високоградба;

  4. Институтот за заштита на градителското наследство и историја

на архитектурата;

  1. Институтот за графички комуникации.

Согласно член 163 од Законот за високо образование (Службен весник на РМ, бр. 82 од 8.5.2018 година), кандидатот за демонстратор на наставните предмети на студиската програма од интегриран прв и втор циклус треба да ги исполнува еден од следните услови:

  • да биде лице кое е студент на втор или трет циклус на студии од соодветна област и кој студиите од прв циклус ги завршил со просечна оценка од најмалку 8,00 (осум);

  • да е студент на студии од интегриран прв и втор циклус од соодветна област кој има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8.00 (осум).

II. Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • пријава во која ќе наведат за кои предмети се пријавуваат;

  • куса биографија (CV);

  • доказ за исполнување на условите наведени во огласот (потврда за редовен студент и уверение за положени испити).

III. Огласот се објавува на огласната табла на Факултетот.

IV. Листата на избраните кандидати ја утврдува Наставно-научниот совет на Архитектонскиот факултет. Факултетот го задржува правото да ангажира број на соработници според потребите на Факултетот во зимскиот и летниот семестар во учебната 2018/2019-та година.

V. Документите се доставуваат во писмена форма до архивата на Архитектонскиот факултет најдоцна до 26.9.2018 година до 15 часот.

Д е к а н

Проф. д-р Огнен Марина

 

download PDF  О Г Л А С за избор на демонстратори на студиската програма на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура во зимскиот и летниот семестар во учебната 2018/2019-та година