Фотографии од проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“, а во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, беше прикажан во кино салата на Музејот на 6.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од церемонијата на свечено врачување индекси на новата генерација на студенти по архитектура на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која се одржа во амфитеатарот на АФС на 3.10.2022 год.
Автор на фотографиите е Мила Гавриловска.
Фотографии од студиското патување во Берлин на наставниците и студентите од Интегративното студио „Нови индустрии на стари локации“ во 9-ти семестар, раководено од доц. д-р Горан Мицковски. Во периодот од 3-ти до 7-ми декември тие имаа можност да посетат повеќе референтни архитектонски градби и културни институции, а во дел од нив беа придружувани од архитектот и учесник во Студиото, гостин-професорот Јурген Пацак-Пор од берлинското студио „БАР архитекти“.